-->
-->
Тодоров: Во КПД-Штип нема најава за штрајк на осудените лица
-->
Нема најава за штрајк и незадоволство од страна на осудените лица, изјави денеска директорот на Казнено поправниот дом (КПД) Затвор-Штип, Мики Тодоров.
Тој посочува дека во КПД Затвор-Штип има добри услови за осудените лица
- Во Казнено поправниот дом Штип засега нема некоја најава од осудени лица, ниту усно, ниту писмено дека планираат да штрајкуваат, ниту до денес има некое осудено лице кое има најава за штрајк или штрајкува со глад. Во КПД- Штип условите се на позитивно ниво. Во изминатите години КПД Затвор Штип правевме различни активности и проекти со цел подобрување на условите за живот на затворениците, вели Тодоров.
Според него, нема потреба за штрајк, затоа што, подвлекува, условите во затворот се добри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја