Македонија
27. September 2015 - 19:13

Тодоров најави реконструкција на Здравствениот дом во Битола

Со крупните инвестиции во опрема, реконструкции и специјализација и едукација на кадарот, Клиничката болница во Битола  континуирано се развива во регионален медицински центар за жителите на Пелагонискиот регион, на денешната средба министерот за здравство Никола Тодоров и раководството на болницата.

На средбата е договорено за потребите на болницата да се набават нови 10 монитори.

Двајца доктори од болницата ќе бидат испратени на специјализација од областа на анестезиологија во Белград, а тројца веќе се заминати на специјализации во Белград од областа на гинекологија и акушерство, офталмологија и педијатрија.

За потребите на болницата се набави нова медицинска опрема во вредност над 370 милиони денари, а во текот на идниот месец ќе почне еден од најкрупните инфраструктурни зафати во овој регион. Комплетно ќе биде реконструиран објектот на болницата и во надворешниот и во внатрешниот дел, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 130 милиони денари. Градежните работи кои ќе почнат идниот месец се очекува да завршат во рок од 12 месеци, односно до октомври идната година.

Договорено е да се изврши реновирање и на Здравствениот дом во насока на унапредување на условите. Инвестицијата во износ околу 12 милиони денари ќе се обезбеди со средства од Министерството за здравство и Здравствениот дом.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети селото Горно Агларци, во рамки на работната посета на општина Новаци, каде што имаше средби со сретна со локалните жители.

Горно Адларци е опфатено со проектот Подвижна аптека, со што од почетокот на месецов жителите ги добиваат потребните лекови во своето место на живеење, со посебно возило - подвижна аптека.

Овој проект овозможи значаен бенефит за жителите од регионот, кои досега мораа да патуваат до поголемите населени места за потребните лекови.