Тодоров ја претстави програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Куманово

Со новата програма на ВМРО- ДПМНЕ, „Реално“ предвидуваме изградба на 240 километри секундарна гасоводна мрежа во градот Скопје, инвестиција вредна 100 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција во Куманово, носителот на изборната листа во Втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров.
Со програмата, рече Тодоров, се предвидува и ослободување од акциза и царина за набавка на електрични возила, за што, додаде ќе има дополнителни бенефиции, како што се намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, но и директна државна субвенција од 3,5 илјади евра за возила до 25.000 евра и пет илјади евра субвенција за возила кои што чинат над 25.000 евра.
- Исто така се предвидува, доколку некој се одлучи за набавка на електрично возило да биде ослободен десет години од плаќање патарина, да биде ослободен од регистрација во наредните десет години и да биде ослободен од плаќање за паркинг на сите државни паркиралишта, изјави Тодоров.
Овие две мерки, додаде тој, се мерки во рамки на заштита на животната средина во градот Скопје, а исто така и третата мерка предвидува набавка на електрични автобуси од страна на градот Скопје, во вредност од 25 милиони евра, 30 минибуси и 20 двојни автобуси, сериозно ќе придонесат, рече Тодоров, за намалување на загаденоста во градот Скопје.
Мерката за целосна гасификација на градот Скопје и мерката за набавка на електрични возила и на електрични автобуси, додаде, директно ќе влијаат врз намалување на загаденоста, имајќи предвид дека најголема причина за загаденоста во Скопје е како што рече, загревањето, затоплувањето на домовите, а потоа и сообраќајот во градот Скопје.
Ново на Сител
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
