Toдор го убил својот најдобар пријател: Кога ќе излезам од затвор, ќе му дигнам споменик
Тодор Јовановиќ (59) од српското село Ѓурѓево е осуден на 7 години затвор во Судот во Нови Сад за убиството на својот пријател Душко Миличев кое го сторил на 10 декември 2015 година.
Јовановиќ го признал делото и пред судот изјавил дека не се сеќава јасно на сите настани, затоа што двајцата пријатели тогаш испиле по едно литро ракија и неколку литри пиво. На Тодор освен затворската казна му била одредена и задолжителна терапија за алкохолизам. Во донесувањето на пресудата било земено в предвид дека тој никогаш претходно не бил осудуван, а кога го направил злосторството во крвта имал 3 промили алкохол.
Јовновиќ го убил својот најдобар пријател Душко со кујнски нож. Тој немал ниту еден роднина или член на семејството и живеел сосема сам, а со Миличев секојдневно дружеле и минувале доста време заедно.
Јовановиќ во своето последно излагање пред судот изјавил дека ќе прифати казната каква и да е и дека многу му е жал што на таков начин го изгубил својот најдобар пријател. Исто така ветил дека кога ќе излезе од затвор на Миличев ќе му дигне споменик.
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада