Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.
Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.
Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.
Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.
Ново на Сител
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна