Македонија
23. February 2017 - 16:20

Тоа што Заев го порачува, Катица Јанева го извршува, вклучително и заканите кон судиите

Специјалната обвинителка Катица Јанева во скандалозна изјава за Дојче веле упатува закани кон судската власт.

По вчерашната бламажа во судница и директните навреди со кои Јанева и Фетаи го попречија рочиштето за немирите пред општина Центар, специјалната обвинителка продолжува да се заканува со кривични пријави кон судиите.

За Дојче веле таа вели СЈО има подготвено жалби до Советот за утврдување факти за судии кои ја повредуваат кривичната постапка во делот на предистражната и истражната постапка и за закажаните рочишта по предмети.

Јанева најавува и кривична пријава за судијката Татјана Михајлова која го води предметот за случувањата пред општина Центар, откако вчера двете специјални обвинителки заработија парични казни од 4000 евра поради недоличното однесување во судницата.

Со дирекни навреди кон судијката, Јанева и Фетаи на судијката Михајлова и рекоа дека нема елементарно познавање на правото и не заслужува да биде судија.

Ниту казните од 4.000 евра не ги предомислија специјалните обвинителки во нивните закани кон судијката, бидејќи рекоа дека истите ќе ги платат од годишниот буџет, односно со пари на граѓаните и покрај тоа што казните не се на име на Специјалното обвинителство туку на нивно лично име.

Осуда за односот на Јанева и Фетаи пристигна и од Кривичниот суд, од каде велат дека во 72 годишното постоење на судот не се памети такво непочитување од страна на јавен обвинител. Одбраната на осомничените за случувањата пред општина Центар пак смета дека на ваков начин се врши директен напад врз судската власт.

За ваквото однесување на СЈО немам друго објаснување освен дека е однапред спремно сценарио за да се изврши притисок врз судијата. На нивните зачудувачки приговори, резултатот е повеќекратно казнување. Колку и да е судијата трпелив, кој и да е судија, јас мислам дека поинакво постапување не постои.

Законот не предвидува да се толерира агресивно однесување без правна основа на која било од странките - изјави адвокатот Никола Додевски.

Слични закани кон судската власта повеќепати досега упати и Социјал-демократскиот сојуз.

Како дел од нивната предизборна програма тие најавија целосен реизбор на судиите, а со претставките и кривичните пријави кои ги покренува  Јанева се чини дека таа на дело ги спорведува наредбите кои пристигнуваат од Бихачка.