Свет
24. November 2016 - 21:05

Тлото не се смирува - Нов силен земјотресод 7.2 степени по Рихтер

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега прогласи вонредна состојба поради силниот земјотрес што ги погоди неговата земја и Ел Салвадор.

Земјотрес со интензитет од 7,2 степена според Рихтеровата скала денеска ги погоди Никарагва и Ел Салвадор. Властите во Ел Салвадор предупредија од појава на цунами.

Епицентаор  на земјотресот регистриран е на околу 100 километри од брегот на Ел Салвадор на длабочина од 32 километри во Пацифички Океан.

Земјотресот е почувствуван во главниот град на Никарагва, Манагва, како и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.