„Титаник 3“ ќе продолжи на 17 април

Судењето за предметот „Титаник 3″ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на ОИК во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“, ќе продолжи на 17 април.
На денешното рочиште со кое по трет пат почна судскиот процес за овој предмет на СЈО, беа изведувани материјални докази и повторно преслушувани „бомбите“.
Обвинителот Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.
Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.
Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.
Ново на Сител
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
