ТИРЗ: Странските инвеститори со висока позитивна оценка на услугите од ТИРЗ
Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ.
Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, додека во однос на брзината на постапување по доставено барање, корисниците на ТИРЗ даваат просечна средна оценка 4,2. Висока оценка, 4,4 е дадена и за навремено споделување на информации и точноста на информациите кои ги дава институцијата, како и за знаењето, вештините и способноста на вработените. Анализата се спроведува по втор пат, согласно воведените меѓународни ИСО стандарди во ТИРЗ, а во анкетата учествувале над 30 компании членки на семејството на ТИРЗ кои придонесуваат со близу 50% од вкупниот извоз на државата и 6-8% во БДП.
„Задоволен сум од овие резултати, но секогаш се стремиме кон повеќе и подобро. Во изминатите неколку години ТИРЗ прерасна во современа институција која знае и да привлече нови, но и да ги задржи своите постојни клиенти. Растот на инвестициите, новите работни места и приходите од работењето тоа најдобро го потврдуваат. Воведовме нова организациска структура, вклучивме млади луѓе и енергија во нашиот тим. Во 2024 следат уште новини, што ќе не однесат на ниво повисоко квалитет. Со подготвените законски измени, овој квалитет на услуги, на поддршка ќе стане достапен за широк круг на домашни компании,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.
Само во последниве три години, две третини од постоечките компании во ТИРЗ реинвестираат и ги прошируваат своите капацитети, а со новите постигнати договори обемот на инвестиции во ТИРЗ достигна 2 милијарди евра. Од 2020 година до сега, повеќе од 60% од постојните компании во ТИРЗ донеле одлука за повторно инвестирање во проширување и модернизација на производството. Над 80% од компаниите го зголемиле бројот на работните места. Овие резултати се дотолку повеќе значајни ако се има предвид податокот дека кај само 10% од компаниите постоела намера за нова фаза на инвестиција во првичниот деловен план доставен при влез во С.Македонија.
Инаку, ТИРЗ е прва државна институција која пред година и пол, воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет за работа со кои се дефинирани внатрешните и екстерните процедури за менаџмент, рано препознавање, разгледување и подобрување на системот против поткуп како и на системот за квалитет и подобрување на процесите во рамки на Дирекцијата.
Дирекција за технолошко индустриски развојни зони
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси
-
Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
-
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство