Македонија
12. December 2016 - 15:27

Тинејџерка прегазена во Теарце

Осумнаесет годишната М.Ј. од Теарце вчера била прегазена на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во Теарце.

Од СВР Тетово информираат дека во девојката околу 19 часот удрил автомобил „Шкода Фелиција“ со тетовски таблици, што го управувал 51-годишнииот И.С. од Одри.

-Во несреќата, М.Ј. задобила телесни повреди и со друго возило пренесена е и задржана во тетовската клиничка болница за натамошно лекување, стои во соопштението од СВР Тетово.

По извршениот увид се расветлува причината за несреќата и другите поединости.

Првично, причина е невнимателно преминување на коловозот, а материјалната штeта се проценува на 5000 денари.