-->
-->
Тинејџерка почина од алергиски шок во Грција по ручек во локален ресторан
-->
Тинејџерка (16), која била на одмор на Касандра, Халкидики, починала од алергиски шок откако конзумирала храна во локален ресторан.
Според грчките медиуми, тинејџерката отишла на ручек во ресторан. Кога нарачала, прашала дали храната содржи состојка која и’ е забранета и на која е алергична.
Според извештаите, од ресторанот ѝ кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка, па таа мирно го јадела својот оброк. Откако го завршила ручекот, доживеала алергиски шок.
Брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе било доцна.
За да се дознае точната причина за смртта на несреќното девојче ќе биде извршена обдукција, додека погребот ќе биде извршен денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
