-->
-->
Тинејџерка одведена на Ургентен - Хорор во средно училиште во Србија
-->

Тинејџерка била итно одведена на Ургентен откако вчера паднала од прозорец за време на часовите во Средното техничко училиште во Србија. Таа има сериозни повреди на главата и телото поради што е на Интензивна нега, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.
Се работи за 16-годишната Д.М. која околу 17 часот и 30 минути паднала од третиот спрат, од училна во средното каде учи. Полицијата сеуште испитува дали сама паднала или може би некој ја бутнал несреќната ученичка.
Учениците велат дека таа скокнала од спратот, поради што настанот се смета за обид за самоубиство. Испитани се сите кои биле сведоци на настанот.
- Додека паѓала, се закачила за дрво, па паднала меѓу два автомобили. Случајните минувачи во шок гледале што се случило, а децата вриштеле. Професорите брзо реагирале, па дтето било итно однесено во болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот, вели извор за српскиот Курир.
Засега не се знае зошто ученичката скокнала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот