Свет
23. јуни 2016 - 11:57

Тинејџер исчезнал после средбата со Даниел: По 7 дена пронајдено неговото тело закопано во двор!

Две жени се обвинети за убиство откако е откриено тело на исчезнат тинејџер кое било закопано во двор.
 
Полицијата го пронашла телото на земјиште во Австралија, а се работи за момчето Арон Пајиќ (18).
 
Тој последен пат бил виден пред една недела во трговскиот центар во Рокингем. Таму требало да се најде со некој човек по име Даниел и некоја жена кои ги запознал преку интернет.
 
Жените на возраст од 42 и 25 години се обвинете за убиство на момчето и деновиве треба да се појават пред судот.
 
Инаку, Арон имал Аспергеров синдром, кој е еден од неколкуте нарушувања на аутизам.