Живот
5. July 2017 - 21:37

Тинејџер (16) стапи во брак со 71-годишна баба: Сакале да се убијат ако не им го дозволат бракот

Селамат Риајад (16) од Индонезија против волјата на своето семејство и целокупната заедница се оженил со Рохају, жена која има 71 година.

Рекле дека нивната љубов толку била јака што би се убиле ако не се одржи нивната венчавка. Толку се вљубени што ако еден умре, мора да умре и другиот.

Нивното семејство се борело против венчавката, но кога почнале да се закануваат со самоубиство, биле принудени да престанат. Како што наложува традицијата, венчавката мора да се одржи во куќата на претставникот на заедницата, но бидејќи неговата избраница веќе два пати била вдовица, морала да добие дозвола за венчавката.

Возрасната граница за склопување брак со маж во Индонезија е 19 години, па не се знае кој го дозволил ова. Тамошните медиуми пренесоа дека двојката стапила во некаков „поширок“ брак, познат во локалната заедница, но не и во државата.

Јавноста во Индонезија бурно реагираше на веста за оваа венчавка. Медиумите пренесоа изјава од сопственикот на куќата во која венчавката се одвивала во која вели дека морале тоа да го дозволат.

Се верува дека оваа венчавка не е финасиски мотивирана зошто семејставата на младенците се сиромашни.