Тилерсон пристигна во куса посета на Бејрут
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска пристигна во куса посета на Бејрут, што е прва посета на Либан од страна на толку висок американски функционер за четири години.
Тилеросн треба да се сретне со либанскиот претседател Мишел Аун и да има заедничка прес-конференција со премиерот Саад Харири.
Посетата, која е дел од турнејата по Блискиот Исток, се реализира во услови на затегнатост меѓу Либан и Израел, со акцент на улогата на вооруженото шиитско движење Хезболах, кое е силен играч во либанската Влада и сојузник на Иран, а „Вашингтон Пост“ го окарактеризира како „терористичка група“.
Шефот на американската дипломатија синоќа во Аман изјави дека „треба да се признае реалноста“ и оти „таа силна партија е дел од политичкиот процес во Либан“.
- Ние знаеме дека либанската Хезболах е под влијание на Иран - влијание кое според нас е штетно за иднината на Либан на долг рок, рече тој.
Американското правосудство наскоро ќе формира специјален тим кој ќе ги разгледува финансиските донатори на Хезболах и односите на движењето со мржите кои се занимаваат со тероризам и трговија со дрога, обвиненија кои шиитската организација ги отфрла.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата