Тилерсон: Наскоро на Катар ќе му биде доставена листа со барања
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека се надева оти арапските земји, вклучени во дипломатскиот судир со Катар, наскоро на Доха ќе и ја достават листата на „разумни и изводливи“ барања, со цел кризата „да напредува кон резолуција“.
- Информирани сме дека се подготвува листа со барања и дека во нејзината подготовка учествуваат Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Египет и Бахреин. Се надеваме дека листата со барања наскоро ќе му биде доставена на Катар и дека таа ќе биде разумна и изводлива, посочи Тилерсон.
Тој додаде дека САД ги поддржуваат посредничките напори на Кувајт во решавање на кризата.
Изјавата на Тилерсон уследи еден ден откако Стејт департментот соопшти дека државите од Персисикиот Залив се уште не соопштиле зошто ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија
-
Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
-
Пакетомати и на македонскиот поштенски пазар
-
Романија доби нова проевропска влада
-
Медиуми: Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО
-
Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
-
Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места