„Тиквешки вински пат": Потребна е доедукација на кадри во туризмот

Со промовирање десет нови туристички производи, фондацијата „Тиквешки вински пат" денеска одбележа десет години постоење.
Директорката Виолета Јанкова потсети на досега сработеното. Како што рече, направен е прв Музеј на вино, прв Туристички информативен центар во Тиквешијата во Неготино и прв Тренинг центар.
- Со Факултетот за туризам направивме истражување на 148 субјекти од областа на туризмот и увидовме дека е потребна доедукација на кадри во туризмот, нагласи Јанкова и најави дека од наредната година со помош на мрежата на винските патишта на Европа и Академијата за туризам, почнува доедукација заедно со Факултетот за туризам.
- Вински пат не значи само почит на виното, туку на една култура што ја негувал овој регион и која треба да им се понуди на другите. Сите сме од ралични региони, но со душа и срце го чувствуваме пулсирањето на „Тиквешки вински пат", истакна Саше Коруновски, ректор на Битолскиот универзитет.
На јубилејот присуствуваше градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
За десетте нови туристички производи најпрво ќе се организираат тест тури, а потоа ќе бидат организирани промоции и надвор од државата, заедно со Агенцијата за развој на туризам.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
