-->
-->
Тик-ток прати 11 деца во скопската болница
-->
Вкупно 11 деца со повреди завршиле во болница по новиот предизвик на Тик ток во кој деца се фрлаат на земја. Две од нив, како што информираат од скопската клиника за хирушки болести имаат посериозни повреди во форма на скршеници.
Станува збор за предизвик во која група деца со раце фрлаат едно дете во воздух и го оставаат да се удри од земја. Предизвикот го нарекуваат супермен и како што велат лекарите, може да предизвика сериозни повреди.
Освен двете деца кои имаат скршеници, од Клиниката објаснуваат дека останатите девет се со полесни повреди во вид на набиеници по телото. Апелираат до родителите да посветат особено внимание, имајќи предвид дека овој нов предизвик претставува сериозна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците