Тијана потресена од состојбата во Македонија: Сочуство до семејствата, апел за помош
Поп пејачката Тијана Дапчевиќ е фрапирана од тоа какви последици остави невремето во Македонија.
Во силното невреме што го погоди Скопје и околината загинаа 21 лице, а прогласена е и вонредна состојба.
-Главно настрадаа околните села околу Скопје. Самиот град главно не е оштетен. Апелирам до сите да и помогнат колку можат на Македонија и на загрозените зошто голем број луѓе останаа без своите домови. Повеќе илјади луѓе останаа без дом и многу се евакуирани. Јас се вратив од таму и ужасно е тоа што се случи. Како да паѓаа кофи вода, а не капки, рече Тијана за српски Курир.
-Сега стравувам да не дојде до земјотрес. Тоа најмногу ме загрижва. 1963. во неколку секунди цело Скопје беше срамнето со земја, наведе Тијана за порталот и додаде дека нејзиното семејство во Македонија не претрпело штета, но и покрај се, стравува за натамошната ситуација.
-Изјавувам сочуство до семејствата на настраданите и уште еднаш апелирам до целиот регион да и помогне на Македонија, вели Тијана.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман