Џет-Сет
20. јуни 2016 - 13:32

Тијана Ајфон стравува за својот живот: Жената на познат политичар сака да ме убие!

- Ме навредуваше, ми викаше дека сум „мала силиконка“, дека сум одвратна, дека ќе ме задави... Ќе објавам во јавноста дека сум во врска со нејзиниот сопруг, ако не престане...
 
Тијана Ајфон стравува за својот живот! Откако е откриено дека е во врска со влијателен политичар, кој е познат по своите љубовни афери со старлети, неговата жена ја нападнала Тијана.
 
Од неа добила заканувачки пораки, што поскоро да ја напушти Србија. Откако Тијана го игнорирала тоа, вчера пред зградата во која живее и бил уништен автомобилот!