-->
-->
Тевез ја напушти клупата на Росарио: Не сакам никому да бидам товар
-->
Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (38) веќе не е тренер на прволигашот од Буенос Аирес, Росарио Централ.
За Тевез, кој имаше трофејна кариера како фудбалер во дресовите на Бока јуниорс, Коринтијанс, Манчестер јунајтед, Јувентус и Манчестер сити, ова беше прв тренерски ангажман што траеше нешто повеќе од четири месеци.
Тевез го напушти аргентинскиот прволигаш со ефект од шест победи, 11 нерешени и седум порази на 24 натпревари.
– Никому не му е од корист да ја продолжам оваа работа, а јас никому не сакам да бидам товар. Нема да се мешам во клупската политика, јас само сакам да бидам тренер – изјави Тевез за локалните медиуми по напуштањето на клупата на Росарио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?