-->
-->
Тевдовски: Преку евроатланските интеграции и регионална соработка до одржлив економски раст и развој
-->
Клучни приоритети на Владата се унапредување на животниот стандард и приближување на државата кон Европската унија, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на меѓународната конференција за монетарна политика и управување со финансиски средства во организација на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
- Тоа ќе го постигнеме преку дисциплинирана и транспарентна фискална политика, отворање нови продуктивни работни места, реформи во судството и владеење на правото, унапредување на социјалната правда, поддршка на странските и домашните инвеститори, инвестирање во инфраструктурата и јавните услуги, како и интензивирање на процесите поврзани со евроатланските интеграции, нагласи Тевдовски.
Како што соопшти Министерството за финансии, Тевдовски посочи дека кон крајот на 2017 година расположливите податоци укажуваат на закрепнување на економијата од последиците од политичката криза-тренд кој, како што рече, се очекува да продолжи и годинава со раст од 3,2 отсто и понатамошно интензивирање на растот на среден рок.
Според него, извозот, растот на инвестициите од јавниот и приватниот сектор, како и приватната потрошувачка ќе бидат двигатели на растот на бруто-домашниот производ.
Тевдовски потенцира дека покрај интеграциите кон ЕУ и НАТО, од исклучително значење за развој на економијата е и регионалното поврзување. Од таа причина се работи на повеќе проекти од областа на подобрување на инфраструктурните врски, олеснување на трговијата, соработка околу регулативата, како и заеднички настап на земјите од регионот на трети пазари.
На конференцијата покрај министерот за финансии Тевдовски, учествуваа и министерот за финансии на Бугарија Владислав Горанов, вицегувернерот на Централната Европска банка Карло Монтичели, директор на Европската банка за обнова и развој за Југоисточна Европа Шарлот Руе, директорот за стратешки анализи за Југоисточна Европа во Европската инвестициска банка Дебора Револтела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак