Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ во Индонезија

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија.
Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ).
Во рамки на средбите закажани се состаноци со извршниот директор на СБ, Френк Хемскирк, директорката за Југоисточна Европа на СБ, Линда ван Гелдер, потпретседателот на Светската банка, Сирил Мулер, извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.
Како што соопшти Министерството за финансии, министерот Тевдовски денеска ќе зборува на настан од високо ниво, кој ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Тевдовски ќе говори на тема „Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“. Тој ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за нивно остварување.
На овој настан свое обраќање предвидено е да имаат и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија, претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.
Годишните средби на ММФ и Светската банка се одржуваат секоја година. На средбите, на кои учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки, се дискутира за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалувањето на сиромаштијата и потикнувањето на економскиот раст.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
