-->
-->
Теута Арифи позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози
-->

Градоначалничка на Тетово Теута Арифи е позитивна на Ковид-19. Информацијата Арифи ја соопшти на својот Фејсбук профил со појаснување дека пред еден и пол месец била вакцинирана.
„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивена за ковид-19.
Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, пишува Афири на Фејсбук.
Таа информира дека втората доза од вакцината ја примила пред повеќе од еден и пол месеци.
„Благодарение на вакцинацијата досега имам само мали симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро“, порача Арифи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
