Тетовското драмско студио „Летечка театарска трупа“ ги започнува есенските настапи
Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура Иљо Антески Смок од Тетово со две претстави денес и утре ги започнува есенските настапи пред тетовската публика. Активностите „Летечка театарска трупа“ продолжуваат на крајот од септември и почетокот на октомври кога ќе гостуваат пред македонската публика во Канада и Соединетите Американски Држави.
Вечерва од 19 часот ќе биде прикажана претставата за деца “Возможна приказна – Абракадабра”.
-Тоа е бајка со авантуристички дух со елементи на мјузикл и танц. Претставата е замислена како пренесувач на универзалните пораки за триумфот на љубовта над љубомората, омразата и ксенофобијата, изјави Зоран Јованоски од „Летечката театарска трупа“.
Во вторник 24 септември младите тетовски актери ќе се претстават со со комедијата „Живкова слава„ што претставува тетовска верзија на “Ивкова слава” на Стеван Сремац. Почетокот исто така е закажан за во 19 часот. Комедијата ‘Живкова слава’ е тетовска верзија на безвременската „Ивкова слава” на Стеван Сремац.
„Летечка театарска трупа“ од 28 септември до 6 октомври ќе настапува пред Македонците во Торонто и Мисисага во Канада како и Стерлинг Хајтс во Мичиген во САД. Ќе се претстават со претставите Живкова Слава и Дом за старци.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада

