Тетовските комунални работници го прекинаа штрајкот, сметот почна да се подига
Работниците од „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово од денеска почнуваат со работа по тридневниот штрајк. Вработените велат дека има постигнато договор со општината за две недели да ги добијат неисплатените плати.
- Денеска добивме една плата, а до 15 декември треба да ни исплатат уште две плати. Ако нема исплата до 15 декември ќе стапиме во генерален штрајк. Почнавме уште во раните утрински часови со собирање на сметот, со оглед дека имаме и законска обрвска дел од сметот од главните улици што мора да се собере. Во текот на денешниот ден и наредните денови поинтензивно ќе се собере сметот од сите места, информираа за МИА работниците од „Комунална хигиена“.
Околу контејнерите овие три дена се создадоа големи купишта отпад.Освен за неисплатените плати тие протестираат и за неплатените придонеси. Тие три дена се собираа во кругот на „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово и не го подигаа сметот.
По почнувањето на штрајкот во вторникот, Општина Тетово испрати допис до медиумите во кој образложија дека ќе обезбедат исплата на заостанатите плати. Според нив, формирањето на две нови комунални претпријатија и соработката со словенечката фирма преку јавно-приватно партнерство е начинот на кој ќе се обезбеди трајно решение.
На почетокот на ноември општина Тетово потпиша договор со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер за јавно приватно партнерство со кој на фирмата и се отстапува стопанисувањето со отпадот.
И во декември 2022 работниците на Комунална хигиена штрајкуваа и не работеа поради доцнењето на платите. Тогаш Општина Тетово префрли пари на сметка на комунално претпријатие за да се исплатат неисплатените плати и придонеси.
Ново на Сител
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово