Тетовската касарна го одбележа Денот на Армијата
![]()
Во пресрет на 18-ти Август Денот на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Народен херој Кузман Јосифоски – Питу“ во Тетово денеска беше одржана воена свеченост на единиците од овој гарнизон.
По повод празникот, 21 припадник на Армијата од гарнизонот Тетово добија унапредување, пофалница или награда. По завршување на официјалниот дел беше реализиран технико-тактички збор на вооружувањето и воената опрема со кои располага единицата.
– Нашиот баталјон и единици од гарнизонот во Тетово имаат активно учество во голем број вежби и операции за поддршка на меѓународниот мир во кои учествува АРМ. Со тоа докажавме дека сме подготвени да бидеме еден до друг со нашите партнери од НАТО, а извесен факт за тоа е дека нашата Армија ги спроведува завршните процедури за полноправно членство во Алијансата. И нашиот 3 механизиран пешадиски баталјон во овие години беше во континуиран процес на трансформација и со голем успех ги исполнуваше своите функционални задачи. Анагажирани бевме во мигрантската криза, како и предизвиците на природните непогоди. Тоа е доказ дека Армијата секогаш е и ќе биде отворена спрема општеството и дека соработуваме со цивилните структури, истакна во пригодниот говор командантот на касарната, потполковник Изаир Ејупи.
Во рамки на одбележувањето на 18-ти Август имаше постројување на припадниците на единиците од гарнизон Тетово, интонирање на државната химна и химната на Армијата, како и оддавање на почит на загинатите борци од НОБ и загинатите и починатите припадници на Армијата.
На 18 август во 1943-та година на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот Мирче Ацев , како прва регулирана воена единица на Народноослободителната војска на Македонија. Тој датум е определен како ден на Армијата, а годинава се одбележуваат 27 години од формирањето на АРМ во 1992 година.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
