Тетовската Библиотека „Кочо Рацин“ ги награди најдобрите читатели
Втора година по ред управата на националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово на пригодна свеченост награди 30 свои најдобри читатели со пофалница и книга.
- Навистина имавме тешка задача од околу 6.000 членови колку што имаме да ги одбереме најдобрите 30. Тоа беше направено врз основа на статистичките податоци што ги водиме во библиотеката за бројот на изнајмени и прочитани книги од секој член. Наградите се скромни и симболични, но очекуваме дека ќе ја зголемиме мотивираноста и на наградените, како и на оние што не добија награда оваа година и во ова време на интернет да бидат заедно со книгата што почесто, изјави вршителот на должност директор на библиотеката Махи Муртезани.
Тој најави дека за следната година по повод 23 април - Денот на книгата ќе биде органиизран натпревар за учениците од сите основни учичишта во градот и околината за прозни текстови и поезија при што најдобрите ќе добијат соодветна награда.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот