Тетово: Старите недоразбирања ги решавале со секири и шипки
Вчера во 15 часот, М.И. од Тетово, вработен во перална на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, пријавил дека истиот ден околу 13:30 часот, додека бил пред пералната со неговиот братучед М.И., со патничко возило поминал 51-годишниот Ц.Д. од село Желино, тетовско, со кого од порано имале недоразбирања.
Ц.Д. од возилото упатил пцовки кон М.И, по што излегол и со железна шипка го нападнал М.И. удирајќи го во пределот на левата страна на главата. Во физичката пресмета се вклучил и братучедот на М.И. кој со секира го удрил Ц.Д. неколку пати во пределот на главата и телото. Тие биле разделени од случајни минувачи, по што Ц.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово и бил задржан за опсервација. Кај братучедите М.И. и М.И. имало забележливи повреди на лицата и рацете.
Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода