Македонија
25. August 2022 - 16:38

Тетово: Србинка паднала од балкон, полицијата пронајде остатоци од кокаин во станот

Вчера околу 19.00 часот во СВР Тетово пријавено е дека од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во кој престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица, на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата, паднала 29-годишната С.Ј. од Република Србија.

- Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети. По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.