Тетовец загина во сообраќајка
Тетовецот Ј.Ѓ.(47) денеска починал во тетовската клиничка болница откако претходно бил удрен од товарно моторно возило „Мерцедес вито“ со тетовски регистерски таблици што го управувал С.А.(48) од Тетово.
Сообраќајката се случила околу 11 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци Ј.Ѓ. пешки ја преминувал улицата од едната на другата страна надвор од обележан пешачки премин кога бил удрен од товарното возило. Од удирот пешакот се задобил со тешки телесни повреди и од возачот на „Мерцедесот“ со друго возило веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница каде набрзо им подлегнал на повредите.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, а по наредба на ЈО врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обудкцијам рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд