-->
-->
Тетовец пронашол бомба во својата куќа
-->

П.Н.(61) од Тетово вчера пријавил во полиција дека во помошен објект во дворот пред неговата куќа на улица „Љубљанска“ пронашол експлозивна направа-рачна бомба што најверојатно била ставена во паднатиот дел од таванот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, бомбата што е од германско производство, била со дрвена рачка, во значително корозирана состојба и без видливи ознаки.
– По пријавувањето бил извршен комплетен увид, бомбата и местото биле фотодокументирани, а нешто подоцна бомбата била подигната и безбедно транспортирана од претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
