Тетовец починал при расправија со сопругата - телото на обдукција заради гребаници на вратот
Лекар од Итна помош поради гребаници на вратот кај починат маж, смртниот случај вчера го пријавил во тетовската полиција. По увидот јавниот обвинител наредил да има обдукција врз телото на 76-годишниот починат човек за да се утврдат точни причини за смртта, информираат денес од СВР Тетово.
Во 15:22 часот во СВР Тетово од лекар од Итна медицинска помош при Клиничка болница Тетово е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово Н.В. пријавил дека неговиот татко Б.В.(77) бил во лоша здравствена состојба.
-Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, при што биле забележани гребаници во пределот на вратот. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово. Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга П.В.(76), Б.В. починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
