Македонија
7. September 2018 - 14:07

Тетовец фатен со хероин

Вчера околу 16.30 часот, на улица „ Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Д.С.(42) од Тетово.

При преглед на Д.С, кај него било пронајдено и одземено најлонско ќесе со осум пакувања со хероин.

Тој е задржан во полициската станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.