Тетовец дивеел со „БМВ“ за време на полициски час
Тетовски полицајци вчера во текот на полициски час фатија 28-годишник како на кружен тек изведува непрописни движења со возило, употребувајќи рачна сопирачка и создавајќи врева, за што бил пријавен од граѓаните на околните згради. По евидентирањето на случајот тој денеска е повикан во полициска станица за да се утврди дали имал дозвола за движење во време на полицискиот час и околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
-Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со возачот на возилото „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кој вчеравечер околу 21 часот и 35 минути на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, направил сообраќаен прекршок, кој непосредно бил снимен од граѓанин и кој потоа граѓанинот видеото го испратил до тетовските медиуми. Станува збор за 28-годишниот Л.А. од Тетово, кој денеска е повикан во Полициската станица Тетово и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Ново на Сител
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство за плаќал лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
-
Преглед на вестите од светот