Македонија
9. April 2018 - 11:44

Тетовчанец отворил врата на непознат и добил пиштол по уста

Вчера во 21,30 часот во Полициското одделение  Камењане, К.М. (61) од с.Боговиње-тетовско пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во неговата куќа дошло непознато лице и тропало на вратата од дворот.

К.М. излегол и лицето го прашало зошто го удрил возилото на зет му, по што извадило пиштол и го удрило во пределот на устата. 

На К.М. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, од каде бил упатен во комплексот клиники “Мајка Тереза“- Скопје. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.