Тет-а-тет средба Заев - Борисов во Водоча

Со тет-а-тет средба на премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов во манастирот Водоча кај Струмица почнаа серијата активности во рамки на денешната заедничка седница на владите на двете земји.
Заев и Борисов во Водоча беа пречекани од митрополитот струмички Наум и од други владици на МПЦ-ОА.
По разговорите во Водоча ќе положат цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во центарот на Струмица.
Потоа се очекуа пленарното заседание во Домот на АРМ во Струмица. Од бугарска страна на седницата ќе учествуваат вицепремиерите Томислав Дончев, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, министрите Валентин Радев, Николај Нанков, Нено Димов, Румен Порожанов, Ивајло Московски, Емил Караниколов, Теменужка Петкова и Николна Ангелкова.
Се очекува да бидат потпишани девет документи за билатерална соработка во областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната, туризмот, телекомуникациите, инфраструктурата и за реакции при природни катастрофи. Во текот на седницата треба да биде потпишан и меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, што го одобрија вчера владите на двете земји.
Договорите се дел од исполнувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство потпишан на 1 август годинава во Скопје.
Предвидена е и церемонија на врачување на специјализирано превозно средство за лица со попреченост, донација од Бугарија за општина Струмица.
Ова е прва меѓувладина седница што ја одржува Владата на Заев со Влада на држава од соседството. Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија, а во февруари или почетокот на март и со Србија.
Ново на Сител
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
