Тестови во САД покажаа дека бројот на заразени можно е да биде 10 пати повисок од објавениот
Бројот на регистрирани случаи на новиот коронавирус во САД е далеку помал од реалниот број заразени лица, според податоците објавени од американската Влада, што беше мавестено со помало истражување минатиот месец.
Студија спроведена од американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦП) откри дека во текот на мај во поголемиот дел од САД, реалниот број на заразени со Ковид-19 бил повеќе од 10 пати поголем од пријавените случаи.
Студијата се заснова на тестови за антитела на Ковид-19 во примероци од крв од 16.000 луѓе во 10 региони на САД. Можно е таа студија да открила инфекции кај луѓе кои можеби немале симптоми или имале само лесна форма на болеста и кои не биле тестирани за вирусот.
Определувањето на стапката на инфекции е од шест пати поголема од бројот на пријавени случаи во Конектикат, до дури 24 пати поголема во Мисури. Сепак, повеќето од луѓето вклучени во студијата не биле заразени.
Студијата е објавена на порталот на Американското медицинско здружение „JAMA Internal Medicine“.
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
