„Тесла“ со рекордна загуба од 710 милиони долари

Американската автомобилска компанија „Тесла“ забележа рекордна загуба од 710 милиони долари во првиот квартал од годинава.
Губењето од 3,35 американски долари по акција е пониско од предвиденото од аналитичарите кое се движи од 3,58 до 3,54 американски долари по акција, но тоа предизвика акциите на компанијата да паднат за речиси шест отсто на 283,10 долари, пренесуваат светските медиуми.
И покрај петтиот последователен квартал на рекордни загуби, „Тесла“ останува оптимист со позитивни очекувања за остатокот од тековната година,
- Компанијата „Тесла“ постигна значителен напредок на планот на зголемување на производството на „Модел 3“ во втората половина на првиот квартал, се наведува во писмото на компанијата упатено до акционерите.
Целта на компанијата е и натаму да произведува 5.000 автомобили неделно до крајот на вториот квартал, што директорот Елон Маск и претходно ветуваше, но не исполнуваше.
Од компанијата е соопштено дека во април неделно се произведувани по 2.270 возила, што значи дека „Тесла“ би можела двојно да го зголеми производството до крајот на јуни. Доколку успее да ја оствари таа цел, компанијата тврди дека ќе се врати на „патеката на профитот“.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
