„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД

Американскиот автопроизводител „Тесла“ повлекува 218.868 возила во Соединетите Американски Држави поради проблем со доцнење во прикажувањето на сликата од камерата за задниот поглед, што може да ја зголеми опасноста од несреќа, соопшти Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (НХТСА).
Сликата од камерата за задниот поглед кај овие возила може да се појави со доцнење кога автомобилот, на пр., ќе се префрли во рикверц, намалувајќи ја видливоста на возачот, според НХТСА. Повлекувањето вклучува одредени модели на „Тесла“, т.е. „Модел 3“, „Модел Ипсилон“, „Модел Икс“ и „Модел С“.
„Тесла“ веќе објави ажурирање на софтверот „на далечина (over-the-air)“, со цел решавање на настанатиот проблем.
Минатиот месец, НХТСА ја затвори истрагата што вклучуваше околу 2,6 милиони возила на „Тесла“ за функција што овозможува автомобилите да се движат од далечина, откако беше откриено дека таа опција е поврзана само со инциденти при мала брзина.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
