-->
-->
Тешко повредено момче во сообраќајка во Скопје
-->

Скопјанецот С.А. се бори за живот по сообраќајна несреќа која ноќеска се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како што соопшти полицијата, ноќеска 40 минути по полноќ на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Тој е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Увид извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
