Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице

На момче му била нанесена тешка телесна повреда при тепачка во кавадаречко, по што едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко. Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, А.А.. на 19-годишна возраст и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена. Притоа, Р.А. со дрвен предмет го нападнал 21-годишниот А.А. и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница - Кавадарци. Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, појаснија од СВР - Велес.
Претходно, во 16:40 часот во ОВР - Неготино, пријавено било дека 52-годишниот С.Ј. од село Криволак, неготинско, физички ја нападнал 18-годишната Ш.О. од Прилеп.
- По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
