Тешко повредени лица откако автомобил „фиат уно“ излетал од патот
Во текот на вчерашниот ден на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна несреќа во која моторно возило марка „фиат уно“ управувано од 40 годишник од с.Чифлик излетало од патот.
На 19.12.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, кај с.Уларци, патничко моторно возило „фиат уно“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(40) од с.Чифлик, општина Сопиште, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобил возачот, сопатникот Р.Т.(72) од с.Стајковци и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот