-->
-->
Тешко повредена 67-годишна жена во сообраќајка близу Виница
-->

На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
