-->
-->
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Прилеп
-->
Вчера во 13 часот и 35 минути на крстосницата од улица „Димко Нареднико“ и улица „Биди маж“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Лупо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29- годишниот З.Д од Скопје и велосипед управуван од 53- годишен М.Ш од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море