-->
-->
Тешко повреден работник, му паднала цигла на глава од 4 спрат
-->
Околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во станбена зграда во изградба, при подигање на цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла која што го погодила по главата Д.П. од Република Албанија. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар