Македонија
11. January 2023 - 11:56

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Велес

На 10.01.2023 околу 15.35 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Е (32) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50) од Велес.

Во несреќата К.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. По овластување на Јавен обвинител, увид на место извршила увидна екипа од СВР Велес.