Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гостивар
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство", во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата управувал мотоцикл „Јамаха Р6“ со италијански ознаки. Од се уште неутврдени причини тој се судрил со „Пежо-партнер“ што го управувал гостиварецот И.Н. (58).
Во сударот мотоциклистот добил тешки телесни повреди и во животно загрозувачка состојба е итно бил пренесен на скопските клиники.
Во моментов увидот на полицијата се уште трае и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.
За помалку од два дена, по гостиварските сообраќајници се регистрирани три сообраќајки во кои три лица се потешко повредени.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево