Македонија
1. August 2020 - 10:43

Тешко повреден малолетен пешак во Скопје

Вчера во Скопје 20-годишник со патничко возило „ауди а4“ удрил во малолетен пешак. Пешакот со тешки телесни повреди е пренесен на клиника. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 31.07.2020 околу 14,25 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.И.(20) од с.Сингелиќ, скопско удрило во малолетник-пешак од Скопје.

По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.“