-->
-->
Тешко повреден 67-годишен пешак во Кавадарци
-->
Шеесет и седумгодишниот пешак А.Р. бил тешко повреден синоќа во Кавадарци. Во него удрило непознато возило, управувано од непознат возач, по што го напуштило местото, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Сообраќајната несреќа се случила околу 19:30 часот на крстосницата од улиците „Народен Фронт“, „8 Март“ и „Подлешка“. Со тешки телесни повреди А.Р. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана помош, вели Додевски.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расчистување на случајот. Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот